живот (имн.) - и (чест.)

Поточно тоа не беа ни врани ни пропаски: птиците имаа црвени шии и грпки со кострешки перки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
VII Козата брзо го менуваше животот и во нашето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пискулиев никогаш во животот и не помислувал дека ќе се најде во ваков капан, зашто тој имаше основа да го смета ова место не за мирни граѓани што си ја гледаат работата и единствената грижа им е да си минат незабележано и никого да не настапат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Да даде господ, вели Уља, да даде господ, тие што го бркаат сами да си прават куќа!.., И за животот и за смртта своја да си прават сами куќа, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, тој истражуваше по животите и делата на прославени албански интелектуалци, лингвисти, книжевници, државници, војсководци и многу други со двојна судбина, а најизразит беше случајот на Сами Фрашери, потоа Фаик-беј Коница, Васо-паша Шкодрани, Јероним де Рада, но и прославениот последен египетски фараон Мехмет Али, победникот над Наполеон Бонапарта во борбите за заземање на Египет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само Перо го сакам, тој е човеко на мојо живот и само со него ќе се мажам, ако се мажам воопшто во животов мој, оооххх.....“ говореше Томаица ронејќи солзи и бришејќи ги со шамивчето. ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Над нив преку небото се протегаа пукнатини, извртени корита на реки од кои ќе удри зовриен потоп, живот на смртта со закана и за живот и за смртта на преплашената земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)