живот (имн.) - никогаш (прил.)

Е, тој говор тука го дрмнува и тоа е меурест, густ и застоен звук кој дури и мириса”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во животот никогаш не сум чул нешто слично.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас во мојот живот никогаш, ама баш никогаш не сум бил со друга жена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Немој да ми кажеш дека во животот никогаш не си гледал порно филм.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Една декемвриска ноќ, додека меланхолично уживаа во пивото „ Гардист“ и снегот кој пополека си паѓаше како на евтина новогодишна разгледница, дваесет години постариот Дејан му ги раскажа на Александар исцрпните биографии на повеќето колеги од секретаријатот. – Алек во животот никогаш не знаеш што ќе ти затреба...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па и тие немаше да се враќаат ако не беа врзани за нас со златниот конец на сеќавањето…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не се занесов случајно? - прашав, бидејќи Даскалов молчеше - Ох - продолжив - ваквите изливи веројатно наидуваат поради крапон со кромид.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што можете да очекувате од човек кој во својот живот никогаш не го сетил мирисот и вкусот на слободата?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој во животот никогаш не ѝ беше рекол дека ја љуби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)