живот (имн.) - како (прил.)

На Винстон му помина низ главата дека ова е првпат во животот како гледа, со знаење, во член на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа еден простран, светол сон, во кој целиот негов живот како да се протегаше пред него, како пејзаж во летно попладне по дожд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Та нели токму тој ѝ го исцеди животот како лимон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мојот впечаток е дека верувањето во текстот произлегува од вистинитоста на тонот, од оној внатрешен говор кој на сцена го препознаваме како „логичен акцент“, во секојдневниот живот како лага или вистина, а во литературата како симулирано или стварно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бруцоши, интензивно влезени в живот како еднаш...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И ме фрла со дланката лесна в чудна игра, в чудно компонирање, изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тие се здобиваат со сопствено значење во опозиција спрема ортодоксниот вокабулар: „структура“, „систем“, „ограничување“, „детерминанта“ итн, вокабулар организиран околу сликата на животот како некаква „билијарска кугла“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Денес, помалку од било кога, постои „даденоста“ и уште помалку „еднаш-засекогаш-даденоста“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Низ неговиот живот како војаер минав, конечно и јас воајер (набљудувач), одамна лажно прекорен, на вистината станав.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)