жена (имн.) - отсега (прил.)

Ја среќавав сѐ поретко и поретко, со секое ново дете на брат ѝ , таа имаше сѐ помалку време а уште еден дом повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа зборуваше за другите нешта кои ја радуваа: ме прашуваше дали сум разбрала дека на сопругите им е дозволено да побараат развод, а во бракот да располагаат со својот имот, дали сум дознала дека жените отсега па натаму ќе имаат право да гласаат на изборите, дали знам дека работниците сега смеат да се борат за своите права.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)