жена (имн.) - домаќинка (имн.)

Како и во Париз и тука имаше жена домаќинка која ги обавуваше сите домашни работи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- ЗНаев јас- рече дедо ми- оти имам жена домаќинка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Жените домаќинки, со засукани ракави ја готвеа зимницата; ги полнеа качињата со домати и пиперки, за да имаат преку зимата тазе туршија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)