жена (имн.) - го (зам.)

Деструктивните резултати на перформансите, сликите и скулптурите на Yoko Ono од доцните педесетти навака, како и Feu a volonte, конструкцијата на Nikki de Saint Phale од 1961 г., наполнета со вреќи со пигменти што експлодираат застрелани со пушка, демонстрираат дека жените сепак не се исклучени од уништувањето на уметничкиот материјал, вклучувајќи ги тука и површините на нивните сопствени тела, како во перформансите на самоосакатување на Gina Pane.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но најголемиот дел од деструкциската уметност на жените го истражува проблемот на уништување на идентитетот и децентрирањето на Јас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако мажите во своите концепции жените ги приближуваа кон телото оддалечувајќи ги од духот, кого го чуваа за себе, денес жените го грабнаа тој идеологем и го употребуваат како оружје во критиката на андроцентричниот и логоцентричниот дискурс кој се претставува како несексистички и општочовечки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Телото еминентно е женска тема, не само внатре во феминистичките и „gender studies“, туку и пошироко.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А невољите продолжуваа, половина град го гонеше поради долгови, со жените го правеше истото, земи ги - разведи ги и се надевам дека кога-тогаш клетвите ќе го стигнат.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Забележав маж и жена. Додека жената го поливаше цвеќето а мажот го поправаше гробот на кучето, плачеа и очите ги бришеа од солзите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Жената го зеде пликот, го отвори. Визиткарта. Честитка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жената го наметна шалот, побрза. Се искачија, влегоа во горната одаја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Меѓу знаците на нашето враќање, Со вили како со огнени крстови Стојат мажите и жените го воспејуваат својот иден плод.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја надвладеа тешкотијата со успешен хумор на своја штета, така што кај жените го потврди неговиот шарм.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
КАТА: А, велиш, тутунот и жените го пушат — се трујат?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
-И обрнете внимание на епитафот - продолжува Сухов: -беше таков измамник, што дури ни епитафот никој не сакаше да му го состави, жената го состави тој епитаф: Овде е правот на Херасков; ожалостената сопруга Со солза чувствителна признание му оддава... - ќе прочиташ и ќе плукнеш од негодување!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Дозволете, според мое мислење тој факт не му се случил на Херасков туку на Тредјаковски - ќе речете во тој случај, доколку сте начитан човек, на што Сухов одговара секогаш исто: „Работата е нејасна“; ако не сте начитан човек, вие само ќе кимнете со главата, само можеби малку ќе се солидаризирате: „Ете како се подбивале со поетите во времето на царизмот“. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 69
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Жените го колнеа старецот, шепотеа по улицата и уживаа, веруваа во сѐ што ќе измислеа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жената го пушти Панча, и му заповеда да ѝ помогне околу мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во името на Господа Бога, наречен Бог Израилев, си насобра злато како бакар и го умножи среброто како олово; но потоа телото твое на жени го даде, со телото твое роб нивни стана; врз славата твоја дамка стави, го оскверни родот свој: навлече гнев на породот свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби лезбејските барови одвреме-навреме ќе прикажат понекој извадок од Најмила мамичке, но тој филм не е сеприсутен во женските хетеросексуални културни институции и не го ужива статустот што кај жените го ужива, да речеме, филмот Телма и Луис.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нејзиното бебе е завиткано во шал, истиот шал што таа еднаш го имаше постелено врз каучот во дневната соба на нејзиниот стан во Сан Франциско.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со погледот шеташе по покривите од околните куќи, во тој сплет од нерамни и испревртени кубови, ги гледаше низ измаглината на квечерината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таму беше отидена да изучува модерен балет, тап, и балет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жената го викаше наглас некаде од долу, од утробата на куќата, но тој не се огласи и не појде натаму, остана тука на покривот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш ја чу жената како го вика од терасата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, жената го натера своето дете да го подаде бебешкото раче кон нејзе како таа сега да е некој ѕвер без канџи до кој вашето дете може да се приближи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во третата фотографија млада жена го препознавам ликот на една моја поранешна девојка, со која ме спојуваа екстатични мигови на телесна страст, а ме оддалечуваа баналните љубоморни потпрашувања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И така жените го посвоиле попот да ги извртува псалмите Давидови во нивна чест и да ги возвишува зашто го прогнале и не им дале на враговите негови да му се одмаздуваат, да пее со толку мило лице што и не барале да знаат на каков јазик пее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Грешел, страдал, заслужил да се именува праведник. Брадата на попот апостолски му се кадрела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Разнишан и повеќе сенка на болната бабуњосаност отколку машкост со жилави раце, отстапувал со тромави чекори на мечок и пцуел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Види ти што смислил лицемерников! А вие, кротки женички, сте зинале во него како штотуку да дошол од Исусова трпеза. Е, не може тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не се вратил по измитарената шубара што од испотеното теме му ја симнала подадена гранка на стара леска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жените го следеле распоредени во жива поткова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бледи од набожност, жените го повлекле попот зад себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жената го поставува јадењето на масата, може да се руча. Јадат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во таков случај, говорот се губи затоа што зборовите можат само да го растурат она што мажот и жената го знаат еден за друг.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како да било, било, а тој видел веќе рибите со очите си и завервал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Една утрина си станале, жената го испратила м'жа си на работа - на орање, а таја ошла чаршија и купила неколку риби.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ето, вечерај! - му одгоорила жената.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Главниот инженер, велеа, стоел на вратата. Жената го видела и сѐ уште не го испуштала оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По тоа Антица ги остава стомните на огништето. Жените го разгледуваат чеизот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Имавме по два часа за шетање низ паркот и тоа време јас максимално го користев во првите неколку дена, а потоа се почесто останував затворен во ќелијата загледан низ решетката во еден од малите прозорци од женскиот дел, од каде ми се чинеше дека ме опсипува бран на светлина што ми е наменета само мене и која само јас ја чувствувам, убеден дека таму една жена го има истото чувство кое потоа продолжува во долг плач со солзи кои се и мои солзи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека минуваше покрај нив, жените го одмеруваа во непријателска тишина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жената го води таквото свое маже и жедно преку вода и неудавено во бунар...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Можеби и неговата жена го посакува тоа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во нејзниот тон авторот како да почувствува болка во којашто оваа женичка го живееше животот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ова за жените го кажа откако авторот го праша што би знаел да му каже за Едо Бранов од Струмица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Заедно учевме и другарувавме“ Овој податок дробната жена го прими без да го примени изразот на лицето и пак ништо не рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„О, госпоѓата на нашиот Генерал дошла да нѐ посети“, вели тој откако ја забележа Трајчеица и некако загадочно се осмевнува, како да ја насетува миризбата на разговорот што до предмалку шеташе помеѓу нас двете, а потоа пријде, се поздрави; Што има ново кај вас, прашува, ну, как паживаете, как здаровје, жизн, постапува сѐ по моите упатствата, како оној зет кога требало да ги посети тестот и бабата во другото село па жената го подучила како да се однесува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури можеби и презел мерки да скрие од Ролана со која жена го сторил она што се случило.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си слушнала за таквите предавства? Тоа беше затоа зашто жените повеќе го ценат животот од нас, мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Извини Васј, но и жените го правеа тоа! Дури и почесто од мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А и жена му Анастасија можеби била спречена да узнае кој ќе ѝ го посади синчето под папокот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Познајниците му се смееја, колегите го озборуваа, жените го сожалуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога отвори, Ѓорѓија беше толку збунет што само се насмевна и како папагал го изрецитира текстот што го беше вежбал претходно: ѝ рече дека тој е соседот отспротива, дека испекол колачи и дека сакал да ѝ ги даде да ги проба, ете, како на нова сосетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Жените го накреваат шишето и се наткажуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една од жените го влече зад себе врзан со ортомче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие мириси беа измешани со мирисот на сувиот босилек што сите жени го носеа во џувки и по прчалките, а и ние машките секој имавме по некој страк босилек во џебовите, зашто така чинело, босилекот чува од зарази и секакви болести.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Слушав како му вели татко ми: Зарем таа жена го заслужила тоа, од добро семејство е и богата, кај татко ѝ имаше и да јаде и да пие, но те зеде тебе, за да има покрај себе маж.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ноќта добар дел од патот го има поминато, утре треба рано да се станува, веќе не е малтерџијка, скелињата по кои со една друга жена го качуваа тезгерето со малтер се расковани, зградата веќе има друго, бело лице наспроти црнината што бегалците ја таат во градите, и, за среќа, веќе има работа не во стопанството, туку еве сосема блиско, во фабриката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)