желба (имн.) - кој (зам.)

Понекогаш тоа е сложувалка на расфрланите мисли и желби кои се тесно врзани за нашето его.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Непристоен каприц на порочната желба која и не е свесна дека на овој начин го потврдува своето постоење но и својата слабост“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Модифицирана со зборот ECCHZMO- SES, уметноста станува облик на насилна еротика на умот, која произлегува од незаситените желби кои се примамливи, а сепак потчинувачки, болни и перверзни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сепак, не пропушташе да си замисли мноштво желби кои некој, било кој, требаше да му ги исполни.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)