желба (имн.) - ги (зам.)

А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250 ‌Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На рана возраст во животот, во кои и да е миг кога стануваме силно свесни за своите желби, геј-мажите откриваат дека повеќето човечки суштества што нѐ привлекуваат ни најмалку не се заинтересирани за сексуална врска со нас, дека не ги привлекуваме и дека не може да ги привлекуваме и дека некои од нив самиот факт за нашата желба ги грози.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот. ‌Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сексуалната лишеност е темелна и пресудна за субјективните искуства на геј- мажите, не затоа што сите сме патетични сексуално изгладнети изопштеници кои никако да успеат да си најдат прифатливи партнери, туку затоа што задоволството на возрасните не може баш да ја надомести претходната историја на неисполнетост. (Како што вели Џорџ Хагерти кога зборува за гејството на пасторалната елегија, „Љубовта сочинета од загуба е љубов што изнедрува копнеж што не може да се исполни“.263
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)