жал (имн.) - му (зам.)

Жал му беше за речната убавица, но не можеше да ѝ помогне.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На Привидот што предмалку се јави од преку мостот за жал му недостасуваат такви записи во сетилата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го гледа Лазора од под веѓи и точно знае и што си мисли и што чувствува сега тој, па и жал му е за него и криво му е што токму тој, Лазор Перуноски, неговиот најдоверлив човек, излегол побудала од еден злодеј.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жал му беше за невиното сиво гулапче што стана плен на јастребот, и ги стегаше песниците, заканувајќи му се на крвожедниот воздушен разбојник.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од тие зборови што ги слушал Силјан штркот, голема жал му идела, што дури сакал да се сам убие или во бунарот да се удави; арно ама душа е мила, пак се попишманил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)