енергија (имн.) - во (предл.)

Затоа се фрли со сета енергија во играта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во топките, со исклучок на највисоката, е илустрирана употреба на атомската енергија во мирновременски цели: како извор на електрична енергија, како погонско гориво за прекуокеански бродови, во медицината, индустријата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Светло сината мека капа, скоро потоната во долгата грива, чии немирни прамени, како кадрави јазици темен оган, ја зајакнуваа нескротливата енергија во очите, беше украсена со три зрна бисер, одземени од школките на најтоплото море.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги гледаш овие три прста? Ги состави трите прста прабаба ми, палецот, показалецот и средниот прст, правејќи врв како пирамида со три страни, составувајќи ги тие три силни енергии во една, како симбол на светото Тројство, па почна со нив да се одбележува, цртајќи крст врз себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
При една посета купив убав букет со лалиња и го однесов во станот на Гаврил, го ставив во една вазна на средина од масата, малку да ни внесе позитивна енергија во нашите животи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
2.  Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот (чл. 55, ст.3 од УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Топлификација“ АД – Скопје е монопол во сферата на производство и дистри- буција на топлинска енергија во РМ, а цената на нејзините услуги ја регулира Регулаторна комисија за енергетика на РМ, како независно тело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Многу важен дел од целата оваа филозофија е, всушност начинот на гестикулација со чија помош ја контролираме привлечната и одбивната енергија во нас.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Доста од нив се славни личности, заради кармичката енергија во која се завиткани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја вградуваат таа магична енергија во костурот, во крвотокот, во повредливите нерви на Новиот Облик.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Додека водата е на страната на земјата, секогаш тежи врз неа, ја поткрепува со својата верност; само одвереме навреме “потрчува” до небото за да дофати дел од вечната енергија во етерот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)