елемент (имн.) - кој (зам.)

Како што Дерида вели (4, стр. 26): Без разлика дали се работи за изговорениот или пишаниот дискурс ниеден елемент не може да функционира како знак без упатување на друг елемент кој самиот не е едноставно присутен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За оваа мрежа Дерида го сковува неологизмот différance.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој збор упатува на други зборови до бескрај И оваа врска на рефералност е исто толку конститутивна за значењето како И Сосировите разлики.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Својата активност каирскиот огранок на СОЕ ја започнал со подготовките и испраќањето на свои емисари во разни делови на Балканот со цел да се поврзат со одредени групи и елементи кои биле ангажирани во борбата против окупаторот и квислинзите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бари покажува недоверба во нив и сомневање дека тие се борат против Хуните.181 Ние имаме мисии со реакционерните елементи кои се борат против партизаните и кои имаат контакти со Хуните“.182 Во ситуација кога во Македонија се разгорела борбата против окупаторот, кога германските воени сили се повлекувале низ Македонија и кога бугарските окупаторски сили се наоѓале пред капитулација ЦК КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија презеле низа мерки со цел: - да се изврши организиран прифат на нови борци, - да се организираат погоелми воени формации (дивизи и корпуси) и низ борба да се вооружуваат и прекалат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Својата активност карискиот огранок на СОЕ ја започнал со подготовките и испраќањето на свои емисари во разни делови на Балканот со цел да се поврзат со одредени групи и елементи кои биле ангажирани во борбата против окупаторот и квислинзите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Воздухот е елемент кој сите ги збунува.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Мултикултуралноста тука е само еден елемент, но елемент кој, комбиниран со информатичката револуција, може да придонесе кон разорување на веќе излижаните обрасци засновани врз превласта или доминацијата на една култура (односно, како што Хантингтон би рекол: цивилизација).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На крајот, извор на информациите често е меморијата којашто во зависност од природата на раскажувањето има елементи кои се непроверливи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наместо тоа, накусо ќе се задржам на едно дело, Anemic-cinema, во кое пронајдов нови битни елементи кои ги потврдуваат и понатаму ги развиваат претпоставките кои веќе ги наведов во својата книга, и за кои, ми се чини, дека ја појаснуваат (а како полезен извор им послужи делото на Атанасиус Кирхер /Kircher/) уметничката постапка на Дишан, кој е слободно инвентивен, но често е и строго насочен кон истовремено забавните и “длабокоумни” принципи на езотеријата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Земајќи го предвид можниот обем на елементи кои учествуваат, резултантните хибриди ќе бидат скоро неограничени, гарантирајќи дека наместо хомогенизација на светската култура попрво ќе има бесконечно многу различни џамлии. 20 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Што сега може да ѝ се спротивстави на националноста како примарен елемент кој ги поврзува и одделува човечките групи? 8 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во алхемиските записи петокраката ѕвезда ја симболизира живата (Меркур).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Едновремено, алхемичарите во ѕвездата гледале симбол на Девица (Невеста) - уште еден елемент кој ја поткрепува нашата предложена идентификација Невеста/ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со она свое лице кое јас го нарекувам „лице на комичар”, не можеше да предизвика возбудување - барем половината од времето не верувате во она што се случува пред вас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Елементите кои го сочинуваа филмот од овој жанр не ми се допаѓаа, елегантни салони, раскошни скалила, луксузни соби за спиење итн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Градејќи го ткивото на расказите, настојував да бидам искрен, да создавам со елементи кои ми прилегаат, кои произлегуваат од мене и ме прават препознатлив, како и во поезијата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И во случај да немало, во почетокот, некои непосредни резултати, долгорочната придобивка би требало да биде "ефектна, бидејќи во сите овие земји има елементи кои би биле исплашени од руската доминација и загрижени за повторната сигурност со Велика Британија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа, според нив, се однесувало и "на самиот генерал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што ја карактеризира постмодерната форма на заедница?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како тоа беше можно, кога уметноста изворно се смета како “еден од најневажните и најпроменливи елементи кои задираат во социјалната структура” (La Piere) и според то нема некои својства што би можеле да послужат за наведената цел.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За да ја задоволи потребата за приватност секој пациент мора да има сопствена соба, со сите неопходни елементи кои ја овозможуваат неговата приватност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Времето не зависеше само од визуелниот ритам на физичката средина туку и од акустичкиот ритам на самата зграда, кој беше под влијание на вообичаените звуци на зградата како што се звуци на мотор, вентилатор, чекори, машини за пишување, правосмукалки, ѕвона и елементи кои можат да се стават под контрола како што е звукот на свирче.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Елементите кои течат околу и низ него... го следат како планети и комети...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)