езеро (имн.) - се (зам.)

Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ден по ден езерото се смалувало надолу, а бидејќи веќе повеќе години водата работела на тлото, поткопувала и ронела, таа го сронила и оној ров при дното од падината спроти гробиштата во Долнец, во кој беа биле натрупани телата на дванаесетмината стрелани од Борко и од неговите луѓе во 1944-та.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се свртив нагло кон него и тој отстапи малку назад. Потоа рече: Немој, вештачките езера се опасни!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Утрината, кога се развидели, кога се крена сонцето, езерото се смири.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Езерото се разниша, се крена ветер од него и започна да дува по брегот да го кине и да го разнесува младиот цут од овошките.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, првата директна претстава за него ми ја откри неговиот соборец, повеќе со перо, отколку со меч, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, но не во Картагина туку во Струга, во Македонија, на бреговите на Охридското Езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XX На бреговите на Охридското Езеро се наоѓаа вратите кои требаше да ги отварам во текот на мојот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дека езерата се загадени може веднаш да се види, со голо око: водата е темна, матна, полна со најразличен отпад - особено пластика.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Езерото се размавтало и размавало и капки од брановите што си ги кршат главите од бетонот на крајбрежната тераса удираат во прозорците и ни го замаглуваат видикот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Природата го закорени за најголемиот парадокс крај Езерото: во природата царуваше вечниот, единствен континуитет во животот, а историјата на семејството, на луѓето околу Езерото се одвиваше во најголемиот и најневозможен дисконтинуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сината вода на Езерото се предаваше на своите метаморфози, забрзани со појавата на сонцето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум божем е бел тигар, бела мечка се надига како квасец подготвен за најголемиот леб на светот (ти викаш светот не е само она кое се гледа од оваа страна на видиковата линија и сѐ повеќе ти верувам!)?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)