езеро (имн.) - го (зам.)

Во полето и езерото го сее стравот, ужасот и катастрофата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така ибн Тајко немаше смелост да му признае дека не знае ни да чита, ни да пишува. (Бела пауза) Марин Крусиќ дојде пак кога заладуваше и кога честите бури на езерото го задржуваа дома синот на Тајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Огромно, црвено-жолто, целото небо над езерото го имаше запалено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, ете, езерото го запаметило и сега од овие дрвца повторно ги создава формите што си ги имале.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Небото - вршник. И Езерото го поклопило. Ближи Илинден...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Езерото го прими како распослана јамболија - да се валкаш по неа, газ преку глава, како брндаво детиште со крастави колена, да преташ со нозете кревајќи облаци пена и да се превртуваш на сите страни како риба во мрежа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Црни облачишта како јата гарвани се лизгаат над езеро, водата под него потемнува, езерото го снемува од црнила.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Небото над Езерото го осветли линијата на силна молња, па се зададе и силна грмотевица, небаре ја разнесе сета собирана тишина на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таквото езеро го привлекуваше човечкото око низ историјата: на Римјаните кои овде го изградија патот Виа Егнатиа и го основаа градот Лихнидос, на Византијците, на православните, кои направија од Охрид доминантно место во својата сфера на влијание.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)