единство (имн.) - и (сврз.)

Татко и Камилски требаше конечно да се изјаснат и за баклавата дали ќе заземе место во нивната конечна листа за (без)-опасните османизми, чиешто конечно составување претстоеше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да имаше меѓу Словените во Македонија национално и религиозно единство и да имаше сознание за нив во жителството, досега наполовина ќе беше решено македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Завршуваше и пледоајето за овој симбол на османското единство и владеење во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)