единица (имн.) - бев (гл.)

Треба да се посочи дека установата, во периодот пред да се укине угостителската дејност, беше поделена на две деловни единици: административно-техничката единица беше финансирана од буџетот на РМ, додека угостителската единица функционираше по принципот на самофинансирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од заробениот поручник дознавме дека целта на грчките кралски единици беше да го заземат селото Смрдеш и на тој начин од запад да ги опколат единиците на ДАГ кои држеа борбени позиции на ридовите над селата Косинец, Лобаница и планината Мали – Мади.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
До 2006-та, во рамките на установата, се одвиваше и угостителска дејност (каде работеше и Митревски), а пред укинувањето на оваа дејност Центарот броеше и над 65 работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Утредента, пред да тргнат на запад, во борби за ослободување на селата и градовите што уште беа во рацете на непријателот, целата единица беше закитена со црвени петокраки, а на челото на колоната им се виореше црвено знаме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)