евро (имн.) - доколку (сврз.)

Корегиран е и чл.13 при што за истиот е предвидено дека работодавачот при изборот на опремата за работа е должен да ги консултира работниците, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативен синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа. (чл. 11 од ЗИДЗБЗР/окт.13) Дојде до проширување на прекршочни основи (од 10 на 11) за работодавачите правни лица, па така се предвиде глоба од 5.000 до 8.000 евра доколку не постапат по решението на инспекторот за труд и во определен рок не ги отстрани утврдените неправилности и недостатоци. (чл. 30 од ЗИДЗБЗР/окт.11) Освен работодавачот - правно лице, со дополнителната интервенција кај прекршочните одредби за прв пат се нормираше и глоба за работодавачот – физичко лице и тоа во висина од 700 евра во денарска противвредност за прекршоците од I категорија, (чл. 4 од ЗИДЗБЗР/фев.13), глоба од 1.500 евра во денарска противвредност за прекршоци од II категотија (чл. 5 од ЗИДЗБЗР/фев.13) и глоба во висина од 4.000 до 5.000 евра за прекршоците од III категорија. (чл. 6 од ЗИДЗБЗР/ фев.13) Од останатите промени значајно е да се спомене и промената која ја претрпеа основните одредби, со што се дополнија органите за кои нема да важи(!) овој закон, па така одредбите од ЗБЗР, освен за вооружените сили, полицијата, во некои посебни активности на силите за заштита и спасување, нема да се применуваат и за работниците во Царинската управа. (чл. 1 од ЗДЗБЗР/окт.13) 98 ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ Законот за инспекцијата на трудот е донесен во 1997 година87 и со него се уредуваат организацијата и работата на Државниот инспекторат за труд, државен орган кој врши инспекциски надзор над примената на законите и другите прописи за работни односи, вработувањето и заштитата при работа и на колективните договори, договорите за работа и другите акти, со кои се уредуваат и остваруваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавците во областа на работните односи, вработувањето, како и заштитата при работа. (чл. 1 од ЗИТ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)