душеме (имн.) - се (зам.)

Некој опет човек, земјата се витка под него. Ко гнило душеме се витка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
При искачувањето по скалите и чекорењето по душемето се ослободуваа необични звуци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко успеваше според шумот на чекорите да одреди чии беа, почнувајќи од Мајкините мирни и спокојни чекори, до нашите забрзани и шумни чекори, кога во трк скокнувавме и по две-три скали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)