душа (имн.) - ѝ (зам.)

Додека од огледалото ја гледаше Јанте во душата ѝ ѕвонеа зборовите на Херо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој со ифрит во душата ѝ одвраќаше: „За зол корен, зла копачка...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во душата ѝ се родило големо неспокојство.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но во душата ѝ влезе сомнеж.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Истоштена снага се заниша како езерска трска под ударите на ветерот и езерските бранови ... дури тогаш од душата ѝ се откорна некаква тажалка - де молитва, де клетва...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тука се! се огласуваше Петра, ама не го колнеше и не го караше, иако и устата и душата ѝ беа полни со клетви.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ликот на нејзината душа ѝ се одразуваше во очите, во кои ние децата јасно го читавме нејзиното расположение.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Душата ѝ стануваше посува од пустината. Смртта на чедото ја будеше од морничавиот сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Погледот ѝ се замрежува, душата ѝ се дели од снагата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)