душа (имн.) - чувствува (гл.)

Во душата чувствуваше како му се разлева гордост и радост.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Јаничарот, за разлика од језуитот, кој можел да стигне во католичката хиерархија до кардинал, но никогаш и до Папа, можел да се извиши до прв везир, војсководец, паша, но колку што повисоко се искачувал во хиерархијата, во душата чувствувал сѐ поголема празнина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во дното на својата душа чувствуваше наслоена сива ладна пепел.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)