душа (имн.) - бев (гл.)

Неговата душа беше уште покршлива штом ќе се спомнеше зборот деца.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но неговата душа беше тука, во неговите книги крај нас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имав чувство дека одразите на мојата душа беа врз страниците на мојата балканска сага и тие, во нивната соголена искреност, како да постоеја за да заведат некого.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Бев мошне задоволна кога дознав дека вие сте можеле за извесно време да се оддалечите од албанските и од македонските грижи за да се најдете среде бујниот неаполски свет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка, со невидена сочут и почит ги впиваше во душата и најскритите таткови трепети, потем ги прошируваше и дополнуваше во себе низ наслутените значења, небаре татковата душа беше слеана со нејзината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа не можеше сè да задржи за себе, сè да издржи сама, но со невидена сочут и почит го слушаше Татко, ги впиваше во душата и мислите сите негови трепети, сè што можеше да собере од него, да сочува, да прошири во себе, да го провери и дополни значењето на некажаното, на тишината меѓу нив, небаре нејзината душа беше слеана со неговата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нејзината душа беше и силен браник, траен светилник на семејството крај океанот на балканските немирни бранови и темнини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Темата за душата беше честа и незаобиколна во семејствата со трајна бегалска судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го сослушаа и попот, но тој само викаше: - Божја душичка, божја душичка беше Андро...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)