дупка (имн.) - низ (предл.)

Никако, би рекол тој: има уште наративни опции коишто не се исклучени, други линиинасветотприказна кои бушат дупки низ мултиверзумот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А кога ја виде во фармата кај Полин и кога ѝ викна: мац, - таа низ истата дупка низ која влегла во кафезот, излезе надвор, а по неа и сите мачки до една излегоа надвор: почнаа да трчаат по мачката од питропот Танаско и се распрснаа по сето село.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)