другарка (имн.) - ми (зам.)

Некни ми пиша другарка ми Ружа. Ептен е незадоволна со американската внатрешна политика.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По часот една нејзина другарка ми пријде и праша: дали можеби кај мене се наоѓа пајакот, брошот на Луција. Одговорив дека не. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти си крива, ти велам јас, ти за сè крива!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)