другар (имн.) - дека (сврз.)

Така беше и со Луција: се плашеше од мене, а јас дознавав од нејзините другарки дека кај нив тајно се распрашува за мене и дека прашува од какво семејство сум, што работат моите и дали имам девојка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се обиде, сепак, да го задржи вниманието врз натамошниот тек на излагањето на Сретен Јаворов: - Јас сум свесен, другари дека реализирањето на овие проекти ќе бара големи жртви.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ајде, следниот! За траварот Ми раскажува утрово еден другар дека ме сонувал како сум отворила продавница за лековити билки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пред да почне ѝ реков: - Никој не ми верува од моите другарки и другари дека со тебе и со тато разговараме за вакви тајни и збранети работи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Властите, коишто и без тоа се сомневале во него и во неговите другари дека се членови на Организацијата, без двоумење можеле да го искористат тој факт и да го прогласат за член на Гемиџискиот кружок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За да ја терам играта до крај, му кажав дека Елентина ми рекла за неговите другарки дека сите се курви и дека треба да се пазам од нив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)