другар (имн.) - командир (имн.)

Биди умен, па нема да изнесуваш кофи...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Разбирам! - подигна рака за поздрав и, откако постоја уште малку, рече: - Разбирам, ама да знаете, другар командир, дека јас таму нема да бидам добар шофер...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Другар командир, а знаете ли зошто Сотир е в затвор? - и без да чека дозвола, Коста продолжи: - Затоа што не можел да ја трпи таа гнида што ја возел.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Шмајзерот го оставив во спалната и до него ливче на кое напишав дека јас тој и тој, другар командире, си одам кај браќата кои крвават и на сабајле, во мугрите фатив пат за Албанија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тој, гнидата, го набедил човекот и ете сега, како што слушам, седи во затворот во Нивици и изнесува и истура во езерото кофи лајна...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Друже командире, заповедта ја извршивме! - рапортира Саво.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Другар командир! Итна порака! – ја симна капата, ја распара од страна и му подаде ливче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)