другар (имн.) - командант (имн.)

Наредив: по неа! Се стрчаа двајца од моите и по половина час ми рапортираат: другар командант ја фативме дезертерката, ама е ранета...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Другари команданти, тоа би било сѐ. Сега вратете се во своите единици и по изнесениот редослед започнете го прегрупирањето...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас, другари команданти, морам да кажам, дека на едно советување што се одржа во нашиот Главен штаб, меѓу другото го поставив и прашањето: што да правиме ако дојдеме во ситуација да бидеме потиснати од Пинд?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога другарот командант ќе рече „Строј се“, тогаш вие ќе застанете во ред една покрај друга. Ме разбравте?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека вие, другари команданти, доаѓавте тука, на вашите заменици им се дадени наредби да ги зајакнат одбранбените дејствија на позициите на кои скоро без прекин и со големи сили напаѓа непријателот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се потпре на својот неотсапен крлук и почна: - Заклучно со сознанијата што ги имаме добиено до пред еден час, другари команданти, положбата на фронтовите е следна.... - тој направи подолга пауза, редум погледна на присутните. - 107-та бригада држи позиции на секторот Краставец - Чрно; 14- та бригада го држи секторот Пиргос Котили - Горуша - Синорите; 16-та бригада - Горна Арена - Црн Камен и 103-та бригада Ќафа - Скирца - Грамос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да, тогаш, другари команданти, на почетокот на непријателската офанзива, тоа беше можно. Сега би било самоубиство...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мече се ослободи и почна испрекинато: – Гледаш ... друже команданте ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Ти не мислеше како јас, другар командант, ама многу случувања потврдуваат дека си грешел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Мислиш? Е, а јас не мислам така, другар Ѓурчин“, ти ќе ми одговореше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, уште тогаш те подучував: другар командант дека безусловното почитувањето на правилата е само за слабаците!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„В ред, в ред, да речеме дека имаш право.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Праведниците што ги почитуваа заповедите и правилата на крајот на приказната можат да се наречат и губитници!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кој слушнал, Коста, значи јас, да вози гниди, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Немојте, другар командант, не правете ми го тоа... Што, сакате да ме острамотите?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Англискиот офицер рече нешто, а толкувачот преведе: - Готово, другар командант, шифруваната депеша е предадена.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Добро, другар командант! - одговори Евто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ете ги, идат, другар командант! - рече Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Партизанот што стоеше до него, преведе: - Другар командант, јавуваат од Бари* дека авионите тргнале!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Разбирам, другар командант!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во самарчето на Дорча ќе му однесеш многу важно писмо, а тој ќе ти даде одговор. - Разбирам, друже команданте! - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Заповедајте, другар командант! - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)