другар (имн.) - им (зам.)

Затоа никому, ни на моите најверни другарки им го немам раскажано тоа што се случи таа ноќ на почетокот на мај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
7. Ја минавме границата и на другарите им кажувам дека во Битола не ме пуштија да си го видам детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо не ми вреди што се сите од странство, што на моите другарки им се допаѓаат и би сакале да ги имаат, што ме прашуваат каде сум ги купила, па кога ќе кажам од кој град и која земја ми ги донеле мајка ми или татко ми, се воодушевуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми недостасуваше по малку разговор со Американецот, а тие помислија дека тагувам поради несреќниот крај со другар им.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Што вреди кога ми е здосадено од сите нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)