другар (имн.) - го (зам.)

Двајцата Митреви другари го налегнаа едниот Гана, а Митре се одвалка со другиот низ стрмната клисура, преграбени преку гради еден со друг, и така како трупје удрија во една стена и застанаа Бугаринот здола, Србинот врз него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двајцата другари го прегнаа и тргнаа...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Секој од другарите го држи прстот на чкрапалото, секој им се заканува на другите, и другите му се закануваат нему. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 111
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Другарите, според Алесандро Волта, својот другар го нарекоа Нуне Волта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја крева главата и во очите на своите другари го наоѓа истото, вечното другарство.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тука неговите другари го очекувале со нетрпеливост.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога во 1902 година Орце бил во Софија, каде што со своите другари го разгледувал прашањето во врска со снабдувањето на динамит, со Делчев разговарал за влошените односи со ЦК и одделно со Иван Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зошто неговите другари го отстрануваат оттаму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Откако го собраа својот богат лов, другарите го свртеа чунот за назад.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Втората низа коментатори се смеат на она што нивните стрејт- (или стрејт по однесување) другари го сметаат за само трагично или ужасно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И верниот поглед на старите другари го плукам и ви откривам јавки скришни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секој чекор набљудува, божја милост сака, како рубин сјае, заедно со човек во љубов расне, својот црн другар го следи, неразделен, знае дека вреди.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)