другар (имн.) - ги (зам.)

А денес кога птиците се загрозени, кога и некои од вашите другари ги проретчуваат со воздушните пушки, уште повеќе треба да се загрижиме и да им помагаме да живеат, да се множат, за да ни биде поубаво на сите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сите знаеја дека таа страна ја осигури Толе и немаше што да се двоумат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Паднатите трупови од нивните другари ги обесхрабрија, а Толе не им даваше да се појават на западната страна на чуката, та го држеше слободен тој простор за повлекување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само Иле Вегов за цркалата што сите негови другари ги кинеа од каучукот на прозорците на колата ни малу не се заинтересира.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како ноќе во ниедно време заедно со моите другари ги изнесуваме мртвите од бараките и коњушниците и во мракот ги закопуваме во плитките гробови...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако во 20 век забавата меѓу луѓето се одвивала на друг начини, преку секојдневна комуникација и дружење, денеска како најбољи другари ги имаме фејсбук и скајп каде од 10 до 15 саати дневно може да драпате и оговарате, а наместо фејс ту фејс да се дружите само преку типките од тастатурата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Овчар бил. Еден ден, кога му дошол редот, другарите ги скорнале овците, а тој останал на бачило да го премести трлото, да ги измие каците, да ги испере цедилата и да стори сѐ што требало за да можат вечерата, кога ќе ги измолзат овците, да го спастрат млекото.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)