држава (имн.) - нација (имн.)

Тој беше уверен, а во тоа се убедуваше од ден на ден, од нов турцизам до нов турцизам во текот на нивната работа како и самиот Камилски дека балканските народи се блиски до османската цивилизација повеќе отколку што сакаат да бидат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, со текот на времето милетите ќе станат зародиш на новите држави нации, кои ќе го означат почетокот на крајот на Османската Империја и во силен налет во текот на XX век ќе ги уништат сите претпоставки за враќање кон старите вредности на можната христијанско- исламска синтеза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И еве, мој пријателе, ние стануваме спасителите на тоа што можело да се спаси од исламско-османските вредности во доменот на лексиката на балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Балканот разделените народи во променливите и нестабилни граници, во малите држави нации, не можат да се ослободат од митот дека некогаш претставувале големи царства и дека треба да го повратат стариот сјај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие, всушност, самите си го полнат бурето со барут, за некој од далеку да го активира и да ја предизвика експлозијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но со најавата и почетоците на падот на Отоманската Османската Империја во XIX и почетоците на векот и создавањето на првите балкански држави нации, оваа балканска полиглосија прогресивно исчезнува прифати Татко, кој се најде во својот елемент, работејќи долго врз својот проект Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Новиот балкански сојуз кои кој се создаваше од новите држави нации на Балканот, поткрепени од империјалистички сили, доведе до конечен пад на Отоманската Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој на почетокот повеќе како да сакаше да задоволи некаков каприц на Камилски, кој беше во духот на времето, односно на XX век кога по пресметката со Османската Империја, сојузниците (Англија, Франција и Русија во прв ред) и новите- држави нации на Балканот сакаа да го искоренат и цивилизациското наследство, но, како што обајцата увидуваа на примери од нивната мисија, тоа не беше лесен процес со согледливи резултати!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)