домаќинство (имн.) - во (предл.)

Секое домаќинство во Потковицата си имаше свој забран од гората, но на никого не му беше одобрено да ја сече, да ја уништува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На твојот мозок му е здодевно, здодевно му е до смрт во оваа ограниченост на статично бедната стимулација на нашите домаќинства во 1990-та.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Градите го болеа од гнев, му гореа како фурна додека ги кинеше материјалите што дотогаш ги собираше – копии од поранешните устави на Република Македонија, анализи на политичката состојба од 1992 година наваму, податоци од вонредниот попис на населението и домаќинствата во 1994 година, сета онаа хартија што требаше некому (а кому ли?!) да му покаже дека она што се случува во земјата нема никаква реална причина освен нечија жед за територии.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вторпат во таа година, пред Петровден и сега, надојдоа порои и пробучија со злокоба низ празното корито на Давидица со повеќе стари воденици на брегот орколку што имаше домаќинства во селото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)