домаќинство (имн.) - добива (гл.)

Тоа беше некој вид принесување жртва во слава на Христовото рождество.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На прв ден Божиќ пред да отидеа в црква и пред да се омрсеа, секој од домаќинството добиваше по едно врапче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Брадарите се чуваа во гостинските одаи, сѐ додека сами од себе не се растуреа, а крчмарката, за среќа и бериќет, од главата на домаќинството добиваше на подарок огледало, белило и црвило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)