домаќин (имн.) - мој (прид.)

Домаќинот мој, дедо ти Петре, секогаш се враќаше од печалба - и ми ги кажуваше сите премрежија - а ти, самсамо моменце?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Јас за домаќинот мој не можам да кажам сѐ.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Да ти кажам, домаќине мој, денски што сум сонила...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Свекрвата мене да ме брка, кај моите да ме враќа по толку години алајка и робинка што сум била во куќата на домаќинот мој! Кај се чуло и кај се видело?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На зазорување со јајцето за домата го разбудила Петрета, домаќинот свој: - Ајде, домаќине мој, Величетврток осамна.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Оф, саде добрина да ни е во домата... саде убавина со домаќинот мој, со синот, со снаата, со внуката Ѕвезда - Деница.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)