дожд (имн.) - го (зам.)

Дождот го мие, го плави, а тоа уште потклоцува, замалува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја пцуе ноќта, дождот го пцуе, а ги пердаши и оние што се зад него, од ред, за тоа што тргнале по него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гусари, ве чекаат гладните грла на нашите топови. Капка дожд го погоди Симеоновиот кораб. И пак уште една.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Последните дождови го излокаа патот, а и движењето на камиони беше доста големо. Само да излеземе на друмот Божиград - Билишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така, миризбата на свеж дожд го исполнува твојот дом, потсетувајќи те на домот што го немаш, а ти да можеш би ја испил сета таа небесна вода во знак на благодарност!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
За секој случај, не само Чана и Роса кои навреме го исполнија ветувањето дадено на баба Петра и пред големите дождови го имаа ископано нејзиниот гроб, туку на дедо Господ му беа благодарни сите Егејци од населбата Мичурин што ги засолнал токму зад овој насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)