доверба (имн.) - кон (предл.)

Можеше да се рече дека, не сметајќи го Жеро Жерав, на тој простор сум сам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги изврши на нормален начин сите редовни, претпладневни задачи, донесе малку сено и две, три јаболка во тремот, пред Кротка, која веќе покажуваше знаци на доверба кон момченцето и почнуваше по малку да јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За среќа или несреќа, ќе се сетев на Водомаровата доверба кон мене и на страдалниците од Шумшул- град, вклучувајќи го и човекот со два гласа, и ќе се откажев од коркачката намера.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас мислам оти ништо друго не ни останува да направиме, освен да се однесеме со полна доверба кон реформаторските усилија на двете заинтересирани сили и со тоа да ги ангажираме час поскоро да се воведат обеќаните реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко само толку знаеше за својот нов пријател, чие пријателство и доверба кон него му го зајакнуваа книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)