добрина (имн.) - во (предл.)

Повторно сум онаму каде те сретнав со повторување на желбата, добрина во еден живот, беше дел од моето време, од мојот часовник, кој само за тебе чукајќи го мереше времето...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Јас те разминувам за да те најдам ... како добрина во добрина како светлината во ноќта за да трае во иднината на бескрајот....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Можев да бидам добра само ако вие можевте да видите добрина во мене.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Изградбата на црквата, ставањето на два крста, садењето на дрвото, претставувањето себе си како човек благороден, со добрина во срцето... Боже, ова толку многу се повторува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Надежда Мирска ми вика, а таа кога вика, знаеш и самата, вика како нож во срцето да ѝ е забоден, ти си Симон човек со бога во душата, со добрина во срцето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше добрина во него за илјада добри луѓе! - ми вели другарот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Да, тој мал човек имаше големо срце, широко срце отворено за сите што сакаат да побараат добрина во него... ***
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мајка беше градинар на молкот во кој ја одгледуваше добрината во сите нејзини годишни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тие мигови, Мајка зрачеше со срамежлива, притаена среќа, со сета светната добрина во нејзините очи, верувајќи дека и натаму е корисна со своето верување, особено кога беа во прашање нејзините чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)