дно (имн.) - од (предл.)

Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во ноќта на музеите во Венеција веќе одамна никој не се запишува во правливите книги на впечатоци, како што во ноќта на вештерките никој не евоцира спомени за средбите лично со Данте на најдлабокото дно од пеколот неподносливи турканици, сека ноќ си ги обесуваат гласните жици на ченгели шиткачите на сувенири од муранско стакло, обетки, белегзии, приврзоци, порцулански чаши со слики на Свети Марко или на гондолиери кои ионака во последно време повеќе се сликаат отшто нема доволно јапонци за прошетки низ Канал Гранде, сентиментале.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
НОЌ НА СМРЗНАТИТЕ ГРАФИКОНИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сепак, сега стариот прв стануваше: одеше на пазар колку да го покрие дното од торбата со поевтин зеленчук, па се враќаше дома да ја исрка попарата од млак чај или кисело млеко.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И уште многу ситни работи, кои лежеа на дното од ковчегот - единственото и најголемо нејзино богатство кое таа љубоморно го пазеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ друго е камен, камен на дното од притоката, камен е што ѝ го скршнува текот на водата, камен е брегот измиен како платно, под секој бран е камен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На знакот означен со свирка, јастребот изреагира првин со страв, но веднаш потоа, се одзва со посмирен крик, и почна со атерирање да се спушта, „кочејќи“ низ воздухот со долгите остри канџи, кон дното од гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ме обзеде жал, гнев и јарост, но со ништо не можев да помогнам и требаше да го испијам отровот до дното од чашата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога, по една недела, еден од гробарите, поминувајќи покрај еден отворен гроб, забележал легнат човек на дното од гробот, во отворен ковчег.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во длабочината на старинското огледало тие го пронајдоа и го препознаа вашиот „Автопортрет“ изрежан со фосфоресцетни линии на амалгамот на дното од огледалото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога го кренаа трупот на давеникот со нозете угоре, со главата удолу, на дното од барката кон која го носеа, падна со тропот нешто тешко, метално, нешто режано, сработено во форма на книга.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја избришија правта што демне на дното од огледалото Чинам филмска лента се прикажува, де ветер што свири низ распукани усни де рекички што браздат по образот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сиот потонат на дното од таа белина, крај дрвјата, склевчени под тешкиот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу нив огледало украсено со свилена шамија; лево огниште, а горе наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За да му прави друштво, и таа си нали неколку капки од ракијата, на дното од чашката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никој не знаел од што е, сѐ додека на дното од ќупот не нашле грлушка од дренка.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Куќата чиишто ѕидови се начичкани со цртежи, слики и фотографии на Алберт и неговите пријатели е, инаку, некогашна пиварница и перална на замокот што изгорел до темел во пожарот во `52.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Лицето на Момчило не е збунето, неговите очи како да се симнати од коптските мозаици, на дното од кадифената чашка на цветот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Туѓа ми е љубовта небесна, ја чувствувам како своја тагата и омразата што ме опила и на дното од чашата како последна капка најпрефинето вино чека да се стопи на усните на некој безначаен лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бојата на мојот сон е црвена, страсти што мојава душа ја претвараат во оган.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Соништата ги продавам за повеќе да не се разбудам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Црвено е виното на дното од чашата, црвена е бојата на розите во нашиот дом, црвени се бакнежите на вљубените.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојата глава е на дното од секоја порцеланска чинија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господе боже, господе боже, од каде мојата глава на дното од нејзините чинии за ручање?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Омајнина Има само еден момент кога сум-цел; кога ноќта и денот играат улична претстава- кога здрвен ко истепано куче легнувам на душекот од нашата соба здробен не сум- за момент; тогаш ме заобиколуваат најгорки дробни Виулици од чеканите на дрскиот кловн-свет; главата ми е дупка од светлина благо затемнета снегулка на дното од Охридското езеро- полумртва; има само еден дел од раздемнетата живеачка кога сум- цел;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Старецот го притера својот чун сосема со нивниот, се наведе и ги виде рибите што даваа последни знаци живот на дното од чунот. – Бре, бре што риба сте уловиле ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)