дланка (имн.) - теме (имн.)

Беше месечар. „Вие сте браќа?“ ги праша триејќи го со дланка темето изгорено од сонце. „Браќа, близнаци“ , му рекоа и копаа со петиците тврда земја. „Па здраво, Каине и Авеле“ , ги поздрави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И сирото тркачко грло со куп ребра и една бела душа - си попаднало во нестарателски раце. „Твојата соба е поголема“ , шепнаа. „А утре ќе дојдеме и ќе го однесеме.“ „Кого?“ Го триеше со дланката темето и мислеше: брзо ми расте овесов на глава - треба утре да појдам на бричење. „Коњот“ , чу и се изненади.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)