дланка (имн.) - го (зам.)

Стојан, кој сѐ уште има отворена и загноена рана, со дланката го трие образот што вчера му побеле од студ. Секогаш е гладен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со левата дланка го протри десниот зглоб, оној што му се имаше здрвено од пишување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
До трипати го обиколуваат црквичето - со свеќа во десната рака, а со левата дланка го засолнуваат пламенчето да не би да згасне - ако згасне не било на арно...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Среќко (Со дланка го удира по рамо): О, Дики!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Не. Ова е мојот пријател Дики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од неговата полна уста излетуваат ситни парчиња месо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одзади му приоѓа Бети и со дланка го удира по грб.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тешко ќе ја натераме да се врати во своето село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И со дланка го стиснал челото: гробови, гробови и пак гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Орал маж ѝ, доорал, побарал друга нива, воздивнал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Во нашине села нема ваква жена, со дланка го милувал полниот сад Куно Бунгур; пред да отиде - Фиданка Кукникова му се насмевнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крени ја главата, ќерко, нема кој да ти простува освен еден Господ и една Богородица! и со двете топли дланки го поткрева мургавото лице на Пелагија кое е наквасено од солзи па блесокот на очите е заматен.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Има многу отменост во однесувањето на момчињата - рече таа и во истиот момент сетив како нејзината дланка го олабавува стисокот на мојата подлактицата а потоа, со истата рака, почна да им мавта на момчињата качени на дивиот костен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
1. По навика во левата дланка го гледам ѕидот од којшто се одбивам, Пс-с-с-с-т-тихо психо.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На пример, ако за противник го има најголемиот тапчо, кој со затворена дланка го прашува дали се пар или непар, нашето момче одговара ’непар’, и губи; но при вториот обид добива, бидејќи тогаш си вели ’тапчото држеше парен број првиот пат, а неговата лукавост досега дотаму што вториот пат ќе држи непар; затоа сега ќе кажам непар’. Кажува ’непар’ и добива.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)