дланка (имн.) - лежи (гл.)

Им се сторило дека немо се простува од нив, меѓутоа се оддалечувал со тешки и паднати раменици, со напор на измачен осуденик што сепак во определен час според непроменлива пресуда ќе стаса на губилиште со бесилка или со куки за бесење, за патување кон вечниот мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очигледно имам посегнато кон чашата со ракија а нејзината дланка ми ја ускратила намерата. –Не се сеќавам каде се сретнавме и како втасавме овде, ако сфаќаш за што ти зборувам? - велам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Станувајте, викал Арсо Арнаутче; се наведнал над најмладиот и го затресол; се клештел со задоволство на сезнајник на чија дланка лежат сите тајни на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не, нешто сепак не е в ред – реков и тогаш дури открив дека нејзината топла месеста дланка лежи врз мојата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Што е тоа? На двете мали суви дланки лежат неколку предмети: скакулец со игла закачен на дрвце, свилен гајтан, клуче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)