директор (имн.) - во (предл.)

Не сакаше да го спречи директорот во напливот на своето кажување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко ти бил извршен директор во Токио, но сега бил отфрлен бидејќи го избркала „Хосака”, најголемата од сите заибатсу.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Го бирам осрамотениот татко, извршниот директор во „Хосака”. „Хосака”! Колку совршено.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
18.24 Рик е тука веќе десетина минути. Разговара со Тимоти Спал и со една платинеста блондинка за која подоцна дознавам дека е Тања Спал (арт директор во Maison Bertaux).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не сум сигурен колку испив, а и не ме интересира толку за да се мачам да барам во забелешките. Што мајка бараат овие налицкани типови овде и каде е Рик?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имено, една од главните причини за појавата на оваа криза е несразмерната распределба на профитот и богатењето на првите луѓе на големите светски компании.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку за споредба, во 1976 директорите во Западниот свет земаа плати за 36 пати поголеми од платата на просечниот работник, додека во 1993 просечните директорски плати беа дури 131 пат поголеми од платите на просечните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некаде околу пладне, на три дена пред крајот на учебната година, на половина од часот по математика, ме повика директорот во неговата канцеларија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Надвор е мрак - велам а лицето на директорот во слабо осветлената просторија ми се причинува насмевнато.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Овде е наведено дека си отпуштен на денешен ден. Еден часот и триесет и пет минути. Дваест седми август.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Иване - како да чита, ми го соопштува директорот текстот што е содржан во документот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи можеш да му речеш доброутро на новиот ден - вели Денков без да го поткрене погледот од листот што изгледа неколкупати го има прочитано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)