динамит (имн.) - во (предл.)

И нив не можеше да ги дохрани; квичеа, лаеја, завиваа, гризеа на штиците од котарите, гребеа со нозете; нивното квичење ги потсети луѓето на некогашната Кучешка касарна, ги потсети на грозната смрт на Дуке, син му од кафеџијата Јандро, и една ноќ му ставија динамит во дворот и му ги кренаа во воздух котарите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тежината на динамитот во тенеќиите морала да одговара приближно на тежината на шарлаганот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Познато“ било каде се фабрикувал динамит во Бугарија и по кој пат се пренесувал тој во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие на една кривина, меѓу големата станица, што била надвор од градот и малата станица, што била во градот, поставиле на пругата динамит во моментот кога се појавил возот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првата количина динамит во Солун пристигнала преку Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)