деценија (имн.) - го (зам.)

Раздели па владеј беше главното мото и на чика Суруш, кој со децении го применуваше во сите земји.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Прилагодениот концепт американците го нарекуваат “формат” и тој го одредува типот на музиката, начинот на водењето, количеството и типот на информации, како и количеството и профилот на пропагандните спотови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Комерцијалните американски радио станици уште пред повеќе децении го најдоа модусот за прилагодување на медискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Заради нив тој го научи сефардскиот, иако ритуалот во синагогата го врши на хебрејски јазик, а проповедите на англиски, кој и по толку децении го говори со заостаток од германскиот јазик и јидишот, еврејска варијанта на германскиот, во посебни пригоди знае да проговори и на ладино, јазикот на основачите на неговата синагога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Особено беа ефикасни топовите А ние во Југославија, братската заедница, со децении го добиваме оружјето, од сите видови, покрај големата помош и поволните економски кредити, како помош од западна Европа и од Америка за да опстанеме во антисоветскиот курс и да ја одржиме биполарната рамнотежа во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По правило, некомерцијалните станици избираат посложени и помалку популарни типови на музика (класика, џез).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)