детство (имн.) - бев (гл.)

Јас во моето детство бев изложен на поинаков вид опасности: можев да се исечам, да ме касне змија, да се набодам на трн, да се отрујам од некој див плод, да паднам од коњ, од дрво, да ме набоде вол и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но тој не можеше, како татко му него, допрва да го земе за рака и да го контролира, да го дисциплинира и, едноставно, да го држи покорен; зашто, едно имаше отпор кон таков начин на воспитување во кое гледаше просто повторување на односот од татко му кон него, а и друго и времињата на нивните детства беа различни, па она што го имаше неговиот син тој го немаше во своето детство, така што не можеше да се снајде во него како што веруваше дака се снашол во своето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во моето детство беше еден часот по полноќ и мене никој не ми велеше да си легнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во детството беше сведок на жестоки тепачки помеѓу дечките од Карпа 4 и Серези кои се одвиваа на мостот Разединети нации.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Јас бев на филмски фестивал, а кутрата моја мајка мора да слуша некаква глупава „Сто и една приказна“ и да си легнува во осум часот. Ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)