дете (имн.) - треба (гл.)

Според нив, сите деца требаше да бидат зачнати со вештачко оплодување (вешсем, како што се викаше во Новоговорот) и да бидат одгледани во јавни установи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И додека настојуваа што побргу да се вразуми терајќи го да го полни воздухот во собата со каење и ветување дека ќе се поправи, дека ќе се измени, дедо му Аврам држеше до своето дека детето треба да се пушти на мира, да расудува со свој ум, да гледа со своите очи; во секое доба од животот да мисли онака како што му наложува тоа доба, зашто нема враќање назад.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Што сакаш, косата да си ја кубам? Детево треба да го изранам, да го кренам на нозе, да ми го продолжи сојот оти инаку ќе нѐ истребат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Што е ова?! - велеа некои од селаните, - уште се деца, а деца треба да раѓаат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зошто ти, татко, не ми кажа, на сон не ми се јави, во видение, оти такви страшни работи децата треба да ги чујат од устата на татковците нивни!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не биди малодушен. Децата треба да се соочуваат со сите лица на животот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Побудите поради кои човек сака да го знаат како родител на некое дете треба да се преиспитуваат секогаш – како побудата на Крафорд да добие публицитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Со децата треба за сè да се разговара.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Моите деца треба да бидат мошне задоволни со мене, како што е мојот маж, толку сум насочена кон нивните интереси, но тие се исплашени и безгрижно се собираат за љубопитно да ѕиркаат и собираат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Децата треба само да учат! Да учат и да растат! И да пеат само за убави работи!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На детето треба да му се даде што е можно повеќе љубов и тоа да му го покажеш, за да добие сигурност дека е сакано на овој свет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го викнаа докторот Татули кој еднаш неделно доаѓаше во селото, го прегледа и им рече: - Повредите ќе му минат, но детево треба да се пази...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)