дете (имн.) - прави (гл.)

Слушна? До ручек време не доведе до еден селаните, ќе наредит Сефедин на аскерот да дадит оган од долни крај на селото до горни крај, да изгорат и мачкитe и глувците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште од дете правел крлуци, кавалчиња и вургити, а подоцна бил мајстор не само за јарем и рало туку и за секаква покуќнина: лажици, софри, ноќви, соларници, лајчарници и секакви други работи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ете, токму така излезе. Децата прават — старите оддеваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
и сонцето тукушто родено, младо, го осветлува главчето на детето правејќи му ореол; тука е и дедо му Аврам со испружени раце кон него за да го крене: ”И мене мајка ми ме роди вака на нива... Нивите нам ни се породилишта...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Значи вие тука деца правите, - му велам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)