десетица (имн.) - километар (имн.)

Мегалополисите на дваесеттиот век меѓутоа, се протегаат на неколку десетици километри.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сиот брег, кој овде се протегал на повеќе десетици километри (Бургас - Ахтопол 75 км), е густо начичкан со луѓе, десетици и стотици илјади летувалци се населиле на овој брег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој не е милионски град, но многу е бучав и распослан во должина од десетици километри, зашто со индустрискиот развој тој ги соединил во себе блиските и околните гратчиња и села.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На кејовите и мостовите Најубавото место во Будимпешта се кејовите покрај Дунав и тоа од обата брега, во должина од десетици километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Штом ќе се измине оваа делница, се спушташ по рамен пат од една страна натиснат од планински венци, а од друга страна раскрилен кон рамни полиња и огромните водени површини на езерата Лагадиско и Волви, кои се протегаат со десетици километри од Аг. Василиос, па сѐ таму до Рендина, од каде нема ни чекор до морскиот брег, затскриен од ридја, обраснати со бор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)