десетица (имн.) - илјада (имн.)

Како членови на сектата дејствувале тајно, по цела Индија, годишно убивајќи по десетици илјади луѓе; некои тврдат дека цифрите во одредени години и периоди се движеле и до милион жртви!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Слични отвори постоеја на илјадници или десетици илјади низ целата зграда, и тоа не само во секоја соба, туку на куси растојанија и во секој коридор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Халата за чекање е огромна, во неа секогаш се наоѓаат десетици илјади патници, но не се сеќава дека се присутни толку луѓе, ниту пак постои некаква врева на какво што сме научиле во станичните перони.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камилски, откако ја измина на брзина пустината од заемките именки и ги постави на патот најкарактеристичните зборови, се сврти кон заемките придавки, броеви и прилози.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако Татко и Камилски ги разгледаа сите неколку десетици илјади, ќе имаа работа до крајот на животите и пак ќе преостанеше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Повторно ни ги драпаат маргиналните зони на мрежава...”, му вели едниот централен бог-пајак- матица на својот дихотомиски брат со кого шпарта еве веќе барем десетици илјади години, низ културниот космос што пајажина е.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тие сметале дека тоа што не ќе биде способна да го постигне Македонската револуционерна организација со десетици илјади жртви ќе го постигнат самите со своите животи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нормално, се поставувало прашањето пред солунските конзули: Ерменците само се заканиле дека ќе ја дигнат Банката во воздух (истата таа банка што требало групата на Мерџанов да ја минира), значи, не испукале ниту една бомба а тоа го платиле со неколку десетици илјади жртви.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нагласувајќи дека „официјалните и неофицијалните негирања не можат да ја скријат од американската јавност антинародната политика на сегашната Грчка влада и трагичната судбина на македонските Словени“, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз барале грчкиот амбасадор Дијамантопулос да ја информира Грчката влада во Атина за ставот на „десетици илјади Американци од македонско потекло, како и милиони слободољубиви Американци“ кои „се многу вознемирени од овие настани“ и „да биде ставен крај на теророт на профашистичките банди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Завршувајќи го протестното писмо, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз се надевале дека "на грчкиот народ наскоро ќе му биде овозможено да создава вистинска демократија и остварување на целосни права на Македонците во Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас само сакам да биде јасно каква е состојбата.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога „Е е за Екстази“ излезе од печат, Сандерс стави хипертекст верзија на својата веб-страница на Интернет, која оттогаш им е достапна на десетици илјади читатели.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Над 300 000 од тие умрени биле мажи што имаат секс со мажи.445 Само во Заливското Подрачје на Сан Франциско умреа десетици илјади геј-мажи, меѓу кои околу 17 000 во самиот град Сан Франциско.446
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сидата десеткуваше две-три генерации геј-мажи. До крајот на 2005 г., во САД од сида умреле над 550 000 луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, ова повлијае врз начинот на кој сега живеат сите геј-луѓе.444 ‌
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А оние што биле сопственици на своите домови во многу случаи немаа живи наследници или преживеани љубовници на кои би им ја пренеле сопственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа разорување остави длабоки последици врз геј-заедниците, особено врз радикалните сексуални поткултури.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зарем неговите стихови не се читаа пред десетици илјади луѓе во солзи и надеж дека слободата е близу.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пировата победа на Арафат ќе го доведе според словото на мировниот договор во Осло, во својата малечка Палестина, во Рамалах.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тоа ќе биде трагичното враќање од егзил на десетици илјади Палестинци на чело со Арафат. Но дали постои враќање од егзил?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата поезија, како кристализиран повик на еден цел народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И двете гилотини ја имаат истата цел, но работничката гилотина со себе повлекува далеку посериозни реперкусии по животот на десетици илјади луѓе.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Предноста на тврдите објекти (карпите и коските) е во тоа што нивната регистрирана информација ја складираат за релативно долго време. (Така, еден нож од камен може да ја сочува својата складирана информација “сечење”, десетици илјади години.) Неповолноста на таквите мемориски средства е во тоа што тие функционираат и како алатки: во случајов со ножот не само што се повикува информацијата “сечење” туку тој и служи за вистинско сечење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Цветан Горски аргументирано покажуваше како исчезнале неколку европски езера поради наносите од реки и како им се заканува исчезнување и на други езера во светот, во периоди од повеќе десетици илјади години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во главниот град се предвидува изградба на железарница, која ќе вработува десетици илјади луѓе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во слободното време снимив неколку десетици илјади зборови, одговори на својот глас сврзан со телефонот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)