дело (имн.) - треба (гл.)

А и самиот уметник допринесол во конфузијата околу неговите дела, изјавувајќи дека интерпретацијата на секое негово дело треба да се смета за интегрален дел од самото дело.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наводната разлика помеѓу нашите одговори на убавите тела и кон убавите уметнички дела треба да биде основа за темелна разграниченост помеѓу пристрасната и беспристрасната привлеченост, помеѓу користољубивата, себична, егоистична, возбудена заинтересираност и некористољубивата, несебична, алтруистичка, контемплативна беспристрасност.264 За естетизмот, понатаму, обично се мисли и дека искажува потрага по совршенство или посветеност на совршена убавина, која во голема мера е ирелевантна за погрубите, пониски дејства на сексуалната возбуда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Правени се некои чудни анализи кои зборуваат повеќе за самите нивни автори отколку за Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Едни сметале дека нивното дело треба да продолжи и, според тоа, корисно би било кој може да се спаси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Индивидуалните уметнички дела треба да го надмавнат Volksgeist- от, а не да бидат негов израз.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)