дедо (имн.) - ќе (чест.)

Тате ќе му ја бацеше раката, а дедо ќе му речеше: „Сполај му, синко, на Бога, што ни се врати здрав и жив.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Седни дете, дедо ќе ти раскаже нешто за јагликата! - вели ненадејно старецот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„Никој не ноќевал на Орелска Чука! Никој. Дедо ќе се грижи. Нека се грижи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некаде рикнало магаре, а дедо ќе речел: Одете, врзете му ја муцката, оти царицата моја спие!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден едно од внучињата истрча од одајата на стариот и радосно рече: „Мамо, дедо ќе умре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Од кај знаеш?“ „Лицето му е расцутено“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во село сета облека жените сами ја правеа (плетеа, шиеја, ткаеја...) Се случуваше, кога на дедо ќе му сплетеа чорапи (а тие се малку постегнати додека не се исперат еднаш или двапати) да ги земе и да ги стави на патот и со секира да ги исече на парчиња.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Исто онака како кога дедо ќе ми ја ставеше раката на главата и ќе ме помилуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас се крстев годинава. Не го задржав моето моминско презиме, како што сакаше дедо ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Нели дедо ќе ми биде пак дедо, иако е умрен? - продолжи да прашува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За дедо ќе купи луле, за баба топол шал, а за сестричката своја од гума зајко мал.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во себе девојката лефтерно одби да си замисли каква била орнаментиката на влезот на некогашната женска гимназија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некако и се стори пополезно да се помачи најпосле да разбере зошто (пак на времето!) некој беше бил рекол дека луѓето без маало и без роден крај, всушност се - слободни луѓе ЛЕБЕЦ И ВИНО Ако има дедовци ќе има и приказни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Бабичке, бабичке, со дедо ќе спиете во мојата соба!“ ја влечеше кон собата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Седни дете, дедо ќе ти раскаже нешто за јагликата! - вели ненадејно старецот. - Седни, јас знам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Едно најарен кодураџија е во Битола, а друго дедо ќе ми биди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)