дедо (имн.) - ѝ (зам.)

Во тој миг ја штрекна гласот на дедо ѝ Стојмен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Аферим, Господе! Што гледаат нашиве очи, - прозборе дедо ѝ Серафим.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакаше да оди кај дедо ѝ Серафим - братот на дедо ѝ Стојмен кој уште пред војната беше дошол во Банат да бере пченка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Доаѓаше и третиот распуст, третото мачно лето, кога Луција не ја гледав и по два месеца, оти одеше на село, кај баба ѝ и дедо ѝ, а јас сѐ повеќе губев надеж дека некогаш, кога и да е, ќе успеам да ѝ се доближам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јаболкницата во нејзиниот двор ја посади дедо ѝ, кога се роди најстариот брат на Ева, значи броеше цели дваесет години, а тоа беа долги години на поројни дождови и суши најизменично.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да беше жив татко ѝ, а посебно дедо ѝ, можеби ќе се противеа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дедо ѝ, само што ќе слушнеше на радио некој да зборува на германски јазик, со лутина го исклучуваше радиото. Со пцост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Беше лето, - почна тој - кога јас, покојната ти баба Елена, мајка ти и тетка ти Ана (Оце беше уште бебе и ја оставивме во Битола со баба ѝ Менка и дедо ѝ Марко), тргнавме на екскурзија на Пелистер.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, се покажа дека дедо ѝ не е толку сенилен колку што можеше да се претпостави.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ај што го смета татко ми, демек дедо ѝ, за будала; ама и мене, што сум зела маж генерал без војска, нареден со ордени на градите и со прави бразди на мозокот, кого ако го прашаш за Крива Паланка ќе ти го покрие со палецот цело Мариово, а кога ќе му го побараш Мртво Море од Арабискиот Полуостров ќе направи мрвка за под ноктот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
2. Сѐ додека не заоде на училиште, знаеше дека се вика Дуде; така ја викаа дома - баба ѝ, дедо ѝ, мајка ѝ, татко ѝ, браќата и сестрите; на тоа име се одѕиваше и кога ја викаа другарките или сосетките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓу последните и баба ѝ и дедо ѝ на Дора тргнаа накај мајката, нешто ѝ шепнаа, па и тие полека си заминаа, но Дора остана надвор и си седна до Ане на тротоарот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Погледна накај куќата да види да не е дедо ѝ случајно на прозор, за да ѝ помогне. Не беше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакаше малку да си играат ама не знаеше дали Ане е лута или не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Порано и баба ѝ и дедо ѝ живееле во таа куќа, но сега тие живееле со другите внуци.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)